Мицкоски: Мијалков е во скутот на Заев и одработува за него

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ рече дека слуша шпекулации дека Сашо Мијалков ќе влезел во партијата за да се пресметува, но, како што рече лидерот на ДПМНЕ, се надева тоа ќе остане во доменот на шпекулациите.

-Сигурен сум дека овие луѓе се во скутот на Заеви и одработуваат да бидат на слобода. Порано еден го нарекуваа „министер за смрт“ а сега им е главен апологет таму. Тој човек е исклучен од партијата долго време, сега се обидува да направи нешто и мислам неуспешно ќе биде тоа. Иако до мене стигнуваат шпекулации како ќе влезел во партијата, но мислам дека сепак тоа е само во дел од шпекулациите, рече Мицкоски.

Според него, станува збор за одработување за Заев.

-Следите дека судиите забораваат да закажат рочиште кога тој е во прашање. Судијка заборавила 90 дена да закаже рочиште и тој случај се врати на почеток. Јас не верувам во случајности. Мислам дека тоа се луѓе кои се во скутот на Заеви. Ако не соработуваат знаат како ќе завршат. Мијалков одработува и е во скутот на Заев со цел да се спаси од сомнежите за криминал против него, посочи Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега