Мицкоски: Ме напаѓаат со црна пропаганда затоа што јас договор со криминалот не правам

Вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своеото гостување во емисијата на ТВ 21 посочи дека тој веќе четири години е предмет на најбрутална црна кампања диригирана од Зоран Заев.

„Јас од првиот ден практично, заклучно денеска во Вашата емисија сум цел на една брутална негативна кампања, со невистини, со лаги, со конструкции, шпекулации. Не знам ме нарекуваа едно, излезе Антикорупциската Комисија уште за претседателските избори докажа кажа дека нема незаконитости, нема во тој случај злоупотреба на положбата. Потоа ми монтираа случаи дека сум ја злоупотребувал вонредната состојба, и мерките па сум одел во теретана сум вежбал“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека по увидот на снимките за случајот „Теретана“ обвинителството докажа дека тоа е монтиран случај од страна на Заев и неговата компанија.

„Во кафаната, велеа дека сум ја затворал вратата и не сум пуштал луѓе да влезат таму. Но еве видовме која била цената. Директорката на пазарната инспекција денеска е прилично актуелна со една нова градба која што се случува на нејзин имот во наслебата Пржино во Општина Кисела Вода“, потсети Мицкоски.

Мицкоски посочи дека веќе неколку години Заев со неговата компанија го напаѓа брутално со лаги, манипулации.

„Тоа е така затоа што тие луѓе како што вели Зоран Заев не можат да се договорат со нив. Како вика Зоран Заев јас не можам со него да се договорам. Епа, не може. Јас со криминал не се договарам. Тоа е мојата црвена линија. Тоа им пречи на луѓето кои што се обединети против мене“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека со него нема Заев да се договара за распродавање на национални интереси. За тоа никогаш нема да има договор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега