Мицкоски: Ќе следи сериозно реконструирање на владиниот кабинет

 

Сериозно реконструирање на владиниот кабинет, со спојување и раздвојување на ресори, без министри без ресори, за да идниот владиниот кабинет биде оперативен и сериозно да одговори на потребите на новото време, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на отворањето на тридневната обука за пратеници и членови на ВМРО-ДПМНЕ посветена на Зајакнување на капацитетите на пратениците, Успешни стратегии и предизвици, организирана од Партискиот истражувачко- аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер.

Мицкоски се заблагодари на соработката со КАС како фондација на сестринската партија ЦДУ од Германија, истакнувајќи дека таа соработка ќе продолжи и по двојната изборна победа, а пратениците коишто ќе бидат мнозинство ќе работат да не биде “како до сега”, туку многу поинаку и подобро од тоа што е сега, ужасно и со многу порази, што не треба да е природна средина во иднина во Македонија.

Во својата порака до учесниците на обуката, официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун порача дека добро е запознат со состојбите во Македонија, секојдневните скандали и корупција, а состојбата со пасошите, како што рече, од германски аспект, во изборна година, е катастрофа за власта, па очекува “добра жетва” на гласови на изборите. Затоа е важно во кампањата со уверливи аргументи пред граѓаните да се претстават програмата и идеите.

16.02.2024 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега