Мицкоски: Ќе одбијам амнестија за Груевски и Мијалков

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 24 на прашањето дали ќе прифати амнестија за Никола Груевски и Сашо Мијалков, во замена за поддршка на референудмот, рече дека ќе одбие таква понуда.

-Не знам на што би се однесувала таа амнестија. Но, ќе ви одговорам, ќе одбијам. Но, не знам за што би била таа амнестија, за никој од нив нема правосилна пресуда. Ние како ВМРО-ДПМНЕ и нашата анализа и анкети и водени разговори со граѓаните, донесеовме одлука на граѓаните да им понудиме одлука најдемократска на свет, сами да одлучат како да постапат на референудмот. Едносглавно ЦК му даде легитиметет на овој став, рече Мицкоски за В24.

 

 

 

12.09.2018 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега