Премиерот Мицкоски вели дека реформите кои се однесуваат на правосудниот систем а кои ги бара ЕУ главно се сведуваат на зголемување на платите на судиите и обвинителите. Тој вели дека со овој рејтинг кој го имаат, судиите и обвинителите не заслужуваат да земат повеќе плата.
„Ќе ја донирам мојата плата за судиите и обвинителите, само нека судат по закон. Нека работат професионално, независно и без притисоци. Ако тоа се случи – јас сум подготвен секој месец да ја давам мојата плата како поддршка за правдата во државата. Сакам да живееме во систем во кој правото функционира еднакво за сите.“ – рече Мицкоски
Тој објасни дека земјава наследила тешка економска состојба и дека за идната година имаме за враќање долг од 2 милијарди евра што е една третина од нашиот буџет кој тежи 6 милијарди евра.
- Ќе нема струја до 16 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски населби и села
- 63 бели столчиња останаа празни – Во Идризово продолжува судењето за „Пулс”
- Нов лет на релација Дубаи-Скопје – Ќе бидат евакуирани македонски граѓани
- Собранието пред одлука – Утре ќе се знае дали Савески ќе биде државен јавен обвинител
- По оставката на Бислимоски – РКЕ избира претседател
- Подгответе се за невреме – Лош пресврт со времето
- Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје
- Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран


