Мицкоски: Ќе го реформираме судството

Дваесет и седум години ние не успеавме да обезбедиме функционално судство и тоа е еден од предизвиците мои и на моите соработници во иднина – да успееме да собереме искуства од нашите сестрински партии и преку реформи да обезбедиме независен и самостоен судски систем.

Ова во емисијата „Клик плус“ на телевизијата 21 го нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како пример на политизирано судство, Мицкоски го посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ кој што беше лишен од слобода пред очите на своите малолетни деца за кој се потврди дека нема основа за обвинение.

Исто така, тој рече дека премиерот Зоран Заев е обвинет за барање мито, а судовите работат по метод на желката каде што рочишта се закажуваат еднаш во два месеци, а за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се закажуваат ултра брзо.

 

 

 

26.04.2018 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа