Мицкоски: Кичмата на нашата држава се двата Илиндена, никој нема право да гази по овие два идеали

Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по интервјуто на Заев за бугарската агенцига БГНЕС  и напиша дека човек без кичма е состојба кога отсуствува самодовербата, срамот и достоинството. Државите постојат за да ја истакнат особеноста и посебноста на народите.

„Кичмата на нашата држава се двата Илиндена. Никој нема право да гази по овие два идеали. Згрозен сум од незнаењето на Зоран Заев, а само треба да ја прочита асномската декларација, потпишана од Методија Андонов Ченто за да работите му станат појасни. Рецензија на историјата од човек кој со чудење го слуша името на Мојсов е бедно, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега