Мицкоски: Како да веруваме во независно обвинителство, Спасовски во фиока има материјали да ги уценува обвинителите

Фантастично голем скандал ќе излезе, ќе пронајдат документи, ќе пронајдат опрема која што повеќе од две години ги слушала сите обвинители и судии. Потоа нема да знаат како да го излажат сопствениот народ, нема да знаат како да се исперат од овој скандал, па најпрвин ќе речат на 30 септември 2016 година започнавме до ден денешен, за другиот ден да им текне што кажале, ќе се вратат пак на прес конференција ќе речат од 2013 година е ова Христијан е виновен тогаш тој бил во кабинетот на тогашниот премиер, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-За бадијала се мачите, за бадијала се трудите и мене да ме испрљате и да го извалкате името на ВМРО-ДПМНЕ. Вие сте ловците на македонскиот народ, рече Мицкоски кој се обрати на протестниот марш и додаде:

„Како да веруваме дека има независно обвинителство кога ќе излезе министерот за внатрешни работи ќе каже материјалите се на безбедно, а каде се материјалите, кај него во фиока за да може да ги уценува обвинителите и судиите“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2018 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега