Мицкоски: „Кацарска судство“, „Русковска обвинителство“ и нарачани сведоци чија цел е уништување на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

Имено тој го коментираше последниот скандал со прислушувањето на обвинителството и судството кое се случувало во време на министерувањето на Спасовски и целиот период од владеењето на премиерот Заев. Мицкоски на своите сопартијци им посочи дека никој во историјата на Македонија не извршил таков упад во правосудниот систем како што тоа сега го прави Заев, и сега она што се случува не е само уценето обвинителство и судство туку и нарачани и притиснати сведоци кои ќе сведочат по нарачка, информираат од партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ говореше и за најновите обиди на власта преку „Кацарска судството“, „Рускоска обвинителството“ како и нарачани сведочења да го инкриминираат ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние сме сведоци на нов модел на „Кацарска судство“ кое што го брендиравме и „Рускоска обвинителството“, но денеска еве сведоци сме дека покрај „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ имаме и нарачани сведочења од страна на луѓе кои што сведочат за потребите на Зоран Заев и на групата околу него, потенцираше тој.

Мицкоски истакна дека ова има за функција две цели, првата основна цел на СДСМ е да ја забрани ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и да го забрани нејзиното битисување, преку монтирани политички случаи.

-За првата цел алармиравме пред извесен период, пред неколку месеци кога кажавме дека практично основна задача и основен проект на СДСМ во оваа нивна влада практично претставува, како да се уништи ВМРО-ДПМНЕ и како ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија да се претстави како злосторничко здружување и на правен начин да се укине нејзиното битисување, бидејќи се плашат. Знаат дека додека постои ВМРО-ДПМНЕ ќе постои опасноста за Зоран Заев и групата околу него да биде казнета за сите овие гревови кои што ги направија и на својата нација и на државата, но и за сите оние криминали кои што ги направија изминатите година и половина, истакна Мицкоски и додаде:

„Втората цел е да се дефокусира јавноста од сите скандали и нереализирани ветувања. Прават спектакли за да не се збори за чистиот воздух кој го ветуваа, се сеќавате, на Водно качени велеа кога ќе паднел режимот ќе се исчистел воздухот, ветуваа и младинска гаранција која никаде ја нема, ги нема инвестициите на „Фејсбук“ и „Гугл“ во Македонија, ветуваа и реформирано судство, а добивме корупција која во државата цути и „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ кои работат единствено за потребите на Зоран Заев“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега