Мицкоски: Имам комуникација со Ахмети

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, вчера даде интервју за Алсат и говореше за многу актуелни теми.

Не ја исклучува можноста да организираат протести, потенцирајќи дека тие би биле мирни. На прашањето какви се односите на ВМРО-ДПМНЕ со албанските партии и дали тој како лидер се сретнал со нив, Мицкоски вели дека има комуникација со Ахмети.

-Имаме средби, разговараме. Загриженоста е присутна и во едниот и во другиот блог. Споделуваме иста мака, маката се вика моментална влада во Република Македонија. Се разбира дека комуницираме. И со ДУИ имаме комуникација. Во рамките на Парламентот, пратеничките групи комуницираат. Јас имам комуникација со господинот Али Ахмети, рече Мицкоски за Алсат.

Повтори дека се што се случува во државата мора да заврши со предвремени парламентарни избори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2019 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега