Мицкоски: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и работат посветено за граѓаните, а власта краде упорно

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на спортско игралиште во Љубанци.

„Човек не може да ги скрие позитивните емоции кога ќе биде присутен на еден ваков настан кога овде во спортски Бутел, во Љубанци пуштаме вакво игралиште кое има европски лик. Очекувам многу деца во периодот што следи да го користат истото и да прераснат во врвни спортисти овде од Љубанци кои ќе ја промовираат нашата Македонија надвор. Затоа што нема поголем промотор за една држава од спортистот“, кажа Мицкоски.

Мицкоски вели дека Бутел е носител на олимписко сребро, за нас значајно како злато и се надева дека на следните олимписки игри нема да се задржи на тој сребрен медал туку ќе одиме на златен, зошто по уште, еден бронзен, сребрен и златен медал итн.

„Навистина делува сето ова прекрасно, благодарност до градежната компанија Жикол која во најголем дел го донираше ова спортско игралиште овде во Љубанци во општина Бутел да има ваков изглед и се надевам дека и останатиот дел од општествено одговорните компании во Македонија ќе го следат примерот на оваа компанија. Ќе напоменам уште еднаш дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ градат и ги поттикнуваат компаниите да бидат општествено одговорни и да донираат во средината, за разлика од власта којашто упорно само краде и не ја интересира ниту општествената одговорност, ниту ја интересира добробитот на населението во Македонија. Додека некој работи посветено за граѓаните, некој од тие граѓани краде упорно, но не за долго. За кратко од денеска ќе има одговорност за секој кој се огрешил пред законот. Јас ветувам за тоа“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

14.08.2022 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа