Мицкоски: Големото поскапување на цената на струјата за компаниите и ЈП ќе се удри од грбот на народот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на „ТВ24“ кажа дека големото поскапување на цената на струјата на компаниите и Јавните претпријатија (ЈП) повторно ќе се удри од грбот на народот.

„Стратегијата на антимакедонската и антинародната СДСМ, заради добивање на политички поени, е таква што не дозволуваат компаниите и јавните претпријатија да плаќаат струја по цена на регулираниот пазар, надевајќи се дека тоа негативно ќе се одрази на ВМРО-ДПМНЕ кое го има мнозинството градоначалници во Македонија.
 
Наместо тоа, големото поскапување на цената на струјата за компаниите и ЈП, повторно ќе се удри од грбот на народот и со тоа најмногу ќе им наштетат на граѓаните“, вели Мицкоски.

03.10.2022 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега