Мицкоски: Главно занимање на Заеви покрај плантажите со марихуана бил и Рекетот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил пишува дека главно занимање на Заеви покрај плантажите со марихуана бил и Рекетот.

„Проблемот е што Заев стана стечаен управник на Македонија со глaвни извршители Катица Јанева и Вилма Рускоска. И наместо да се занимава со ВМРО ДПМНЕ, државниот и антимакедонски стечаен управник Зоран Заев да каже што барал на тајна средба со Катица, и неговиот брат на средба со осуден за Рекет? Од овие информации дознавме дека главното занимање на Заеви, покрај плантажите со марихуана бил Рекетот. И таквото полнење на приватните џебови, значи празнење на џебовите на граѓаните. Но добрата вест што овој стечај на Заев трае уште два месеци, до 12-ти април“, пишува Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега