Мицкоски: Ги охрабрувам Рускоска и Кацарска наместо под политички диктат да ги задоволувате страстите на Заев – да обвинуваат и судат по закон!

Нормално е човек кога ќе го слушне тоа добива чувство на згрозеност и чудоневиденост, практично каква е коалицијата помеѓу оваа влада и ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и на неговото семејство, што би рекол еве дискутабилни и проблематични структури во општеството, истакна денеска од Прилеп, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Слушаме како се прави план за палење на возило на лице кое што е блиско до опозицијата, во случајот ВМРО-ДПМНЕ и самото тоа може да потврди впрочем кој е организаторот, сценарист и оперативно кој го спроведе она што се случи на потпретседателот Мисајлоски. Еве она нека биде една индиција, нека се позанимаваат обвинителите и јас тука би се надоврзал веднаш на вашето второ прашање, наместо да се занимаваат со спотовите на опозицијата кои што имаат за цел сатирично да ја прикажат реалноста во нашата држава, наместо да се занимаваат со тоа што го прави опозицијата еве стигаат, допира гласот до нив има индиции за адвокат кој што говори за 6 милиони, гледаме како бизнисмен нудиле или платиле 300 илјади евра, се споменуваат лица кои што се дел од Владата, највисокото раководство на Владата предводена од СДСМ, ДУИ и Зоран Заев. Така што јас би ги охрабрил и Русковска, а потоа и Кацарска наместо да работат под политички диктат и да се трудат од петни жили да ги задоволат страстите на Зоран Заев да се позанимаваат со она за што народот ги плаќа, тоа е да обвинуваат по закон и да судат по закон. Деновиве имавме многу таков материјал да можат тие да постапуваат, еве јас ги охрабрувам нека постапуваат, нагласува Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега