Мицкоски: Франција не го става овој предлог на маса, ако преку комуникациски канали не е прифатен од Софија и Скопје

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју за ТВ24 изјави дека има информации оти истакна дека оваа Влада е виновна за кризата во Македонија.

„Сфатија дека влегоа во стапица, чекаат Бугарија да го одбие и тие да бидат конструктивните во процесот. Сите бегаат да дадат коментар, а што е толку страшно да кажат дека тоа што го виделе од медиумите е неприфатливо за нив“, рече Мицкоски.

За него, чудно е тоа што претставниците на македонската влада сѐ уште не даваат коментари, иако веќе има детали од преговарачката рамка и билатералниот протокол, кој треба да се гласа во Бугарскиот парламент.

„Франција не го става овој предлог на маса, ако преку комуникациски канали не е прифатен од Софија и Скопје“, смета тој.

Мицкоски смета дека предлогот ќе помине во бугарскиот Парламент, но во јуни Македонија нема да добие датум за преговори, затоа што, како што вели тој, „физички не е можно да се истурка навреме документот“, но и дека „никаде во документот не се спомнува почеток на преговорите“.

 

20.06.2022 - 23:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа