Мицкоски: Државата според индексот на корупција историски најлошо рангиранa

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оцени дека рангирањето на 111-то место на државата според индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл за 2020 година, е историски најлошо.

-Кога ги нареков мафија, многумина ми велеа зошто толку силни зборови употребувам. Според Транспарентност Интeрнационал по степенот на корупција на историски најлошото 111-то место. Пад од 5 места споредено со минатата година и никогаш полошо во периодот на независна Македонија. Тие не се само мафија, на овие луѓе и мафијата може да им позавиди. Подобри од нас се: Косово, Албанија, Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија, а заедно сме со Панама и Монголија. Пад од цели 45 места за 5 години. После ваков резултат, не е доволна оставка на министерот за правда, или министерот статист за борба против корупција, потребно е целата Влада да си замине, веднаш, стои меѓу другото на фејсбук профилот на Мицкоски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега