Мицкоски: Договорот со Грција значи промена на име и идентитет, а за оние од власта значи спас на нивните кариери

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва оствари средба со граѓани во Ѓорче Петров, каде народот совршено јасно вели НЕ за капитулантскиот договор.

-Имаме штетен договор скроен со грчки терк. И луѓето кои направија економско цунами, кои не сработија-ниту еден проект, кои воведоа зголемување на акцизата на горива, кои донесоа сиромаштија, несигурност по улиците и страдања, не може да донесат иднина. Иднината која ја нудат е поплочена со лукративни намери за да продолжат да крадат и земаат тендери, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека за Македонија, договорот со Грција значи промена на име и идентитет, а за оние од власта значи спас на нивните кариери.

 

-Нема да бидеме дел од генерацијата кои се себепрекрстиле и ги прекрстиле своите деца и сите идни генерации.Затоа народот е на нозе и народот ќе го отфрли договор на Заев за понижена Македонија. Македоника е силна и Македонија ќе победи, нагласува Мицкоски.

 

 

 

21.09.2018 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега