Мицкоски: Додека Заев и СДСМ прават криминален бум, ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана кон економски и инфраструктурен бум

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска преку својот статус на Фејсбук потенцираше дека додека СДСМ и Заев прават криминален бум, ВМРО-ДПМНЕ  е фокусирана кон економски и инфраструктурен бум.

„Додека штабот за кризи на СДСМ создава лажни вести, штабот за проекти на ВМРО-ДПМНЕ се обврза на:

Нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола;

Нов асфалт за сите регионални патишта во државата;

2 милијарди евра инвестиции во патишта;

Нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка;

Нов експресен пат од Битола до Грчка граница;

Нов експресен пат од Струмица до Бугарија;

И многу други проекти кои ќе донесат раст на градежништвото за 30%, што ќе значи 30% повеќе работа за компаниите, 30% повеќе приходи, повеќе пари, повеќе за секого.

#ОбноватаДоаѓа“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега