Мицкоски: Додека Ковачевски трча по Бугарија, а Ахмети си потпевнува, на народот му се плаче - ќе одговарате

„Додека Ковачевски се занимава со висока политика и саеми за "еднакви можности" и трча да и одоброволи на Бугарија, додека Ахмети си потпевнува песни во кабинетот, на народот му се плаче“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ФБ.

„Болен човек од Алцхајмер не може да стигне до своите 4000 денари што со закон му следуваат, затоа што не е одоброволена некаква комисија. И за министерката за труд и социјална политика и за сите тие бирократи кои си поигруваат со народот, треба да знаете дека ќе дојде часот кога ќе одговарате“, додава Мицкоски во објавата на ФБ.

31.01.2023 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа