Мицкоски: Добивам смртни закани откако ја објавивме аферата „Мафија“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Алфа кажа дека добива закани по живот откако неговата партија ја објави аферата „Мафија“ додека истовремено властите ја спроведуваа акцијата „Двојник“ во врска со издавањето на македонски пасоши и лични документи на нарко босови.

„Не знам дали се заканува мафијата или не, но чудни телефонски броеви штракаат разноразни пораки, чудни луѓе приоѓаат, чудни мејлови, чудни писма изминативе денови. Телефонски броеви да речеме од соседството, од Русија итн. Јас ќе продолжам и понатаму и ова само ме охрабрува дека сме на прав пат, нема да застанеме“, кажа Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа