Мицкоски до вработените во јавна администрација: Не потклекнувајте на уцените

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се огласи на Фејсбук.

- Се обраќам до вработените во јавната администрација, која оваа власт неоправдано ја запоставува, игнорира, истовремено ја притиска и се однесува нетолерантно. Сите вие вработени сте со име и презиме и имате свое достоинство, чест и углед, не дозволувајте да бидете застрашувани, не потклекнувајте на уцените и заканите кои знам дека ги имате.  Бидете храбри, излезете и гласајте во своја волја, зад параванот сте сами и ниту една уцена, нека не ја смени вашата одлука да одберете правда за Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

Инаку, Заев вчера во гостувањето на КликПлус објави дека ќе се намалува државната администрација по изборите.

-Да намерата ни е да ја намалиме јавната администрација и се прават анализи тоа е дел од реформите, вели Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега