Мицкоски до Гир: ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја насочат Македонија на вистинскиот пат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес (30.09.2020) заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, остварија средба со новиот евроамбасадор Дејвид Гир.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во Република Македонија.

Во текот на средбата претседателот Мицкоски на евроамбасадорот Гир ги истакна и главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

Претседателот Мицкоски појасни дека со новиот мандат на старата влада на СДСМ веднаш се качи цената на струјата за 7.4%. Наместо власта да помогне на граѓаните во справување со економската криза, таа ги качува даноците.

Економијата е пред колапс, власта допринесе над 40.000 граѓани да останат на улица, а БДП да падне на -12.7%. Околу 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата, односно денот го поминуваат со 50-тина денари. Токму економската состојба во Македонија говори за способноста на власта да се справи со КОВИД и економската криза, истакна Мицкоски.

Евроамбасадорот Гир беше информиран и за степенот на криминал во Македонија. Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво, а правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата. 

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја насочат Република Македонија на вистинскиот пат. ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага Македонија да влезе во Европска Унија што е можно побргу.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега