Мицкоски до Галовеј: Ситуацијата во Македонија е алармантна, власта не презема ништо

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоки денес оствари средба со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј  каде разговараа за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во Република Македонија.

Во текот на средбата претседателот Мицкоски истакна дека власта не знае да се справи со КОВИД-19 и поради нивната неспособност бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво. Имено тој посочи дека во врска со пандемијата не се презема ништо и како на здравствен така и на економски план.

Мицкоски укажа и на политичката состојба во која се наоѓа државата каде потенцираше дека криминалот, корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така тој кажа дека власта дели тендери на лица кои се блиски до власта и за тоа никој не одговара.

При средбата претседателот Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на членството во Европската унија.

 

На крајот на средбата Мицкоски и  се заблагодари на британската амбасадорка за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на Република Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.10.2020 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега