Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во Охрид, каде ќе земе учество во централното одбележување на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

Како што е најавено, претседателот на Владата ќе има официјално обраќање на свечената академија насловена „Од слово до вечност“.

Оваа празнична манифестација традиционално ќе се одржи во препознатливиот амбиент на црковниот храм „Св. Софија“ во Охрид.

Пред почетокот на свечената академија, премиерот Мицкоски ќе им оддаде почит на сесловенските просветители со положување свежо цвеќе.

Делегацијата предводена од премиерот ќе го положи цвеќето пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа на самиот кеј во Охрид.

Exit mobile version