Мицкоски: Денеска е ден кога треба да се потсетиме колку е скапа слободата и колку е важна вистината

На денешен ден во 1943 година после сурово измачување од тогашниот бугарски фашистички окупатор убиени се македонските херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур. Ова не е политика, туку гол факт, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Нивната борба беше продолжување на борбата на Илинденците, а нашата денешна слобода е цутот на тој пркост. Ден кога треба да се потсетиме колку е скапа слободата, и колку е важна вистината. Слава им!“, пишува Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2021 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа