Мицкоски: Денес на дело граѓаните го видоа Заевизмот, со сета своја бруталност и неправда

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на Неготино.

На  средбата тој посочи дека денес на дело граѓаните го видеа Заевизмот, со сета своја бруталност и неправда, бруталност и неправда нанесена на луѓето од 27 април. Целта на ваквото брутално погазување на правото е внесувањето на страв, што впрочем е уште еден доказ дека  власта е во паника и очај, вели тој.

Мицкоски истакна дека судството и обвинителството го испорачаа она што беше побарано од нив да се испорача, а нарачателот на политички монтираниот случај е во зградата на Владата од каде ги диктира пресудите. Македонија е држава во која правото е погазено, затворските казни долги 2 века во ниеден случај не можат да донесат правда, туку уште поголема поделеност во општеството за која директен виновник е Заевизмот, додаде тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека драконските казни нема да ги смират страстите во редовите на СДСМ, ниту пак дека власта на овој начин ќе демонстрира моќ, туку напротив со ова ја покажуваат својата немоќ и страв бидејќи ја губат власта пред своите очи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега