Мицкоски: Бошњаците се лојални граѓани на нашата држава, кои творат, работат и создаваат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хирстијан Мицскоски денеска упати честитка по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

– Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците на сите припадници на Бошњачката заедница, со искрени и срдечни желби за многу здравје, долг живот и благосостојба. Бошњачката заедница е составен дел од Македонија со децении, Бошњаците се лојални граѓани на нашата држава, кои творат, работат и создаваат, и во општеството се познати како чесни и честити луѓе, наведува Мицкоски.

Според него, бошњачката традиција и култура се вкоренети во општеството и се дел од изградениот систем на почит и меѓусебно разбирање меѓу заедниците.

– Бошњаците исто како и Македонците, и сите други граѓани на Македонија денес се обременети од тешкотиите кои ги создава власта, лошата клима во општеството, нетолеранцијата која со секој чекор сакаат да ја поттикнат, загушеноста на бизнис секторот, и притисокот на власта врз буквално секој дел од општеството. Сите заедници во Македонија имаат исти проблеми, исти потреби, и за нив се потребни исти решение. Кои власта не сака да ги види, ниту да ги спроведе, затоа што истата ја перцепира моќта низ призмата на сопствено богатење, додека народот осиромашува. На лошиот амбиент во општеството мора да му се стави крај. Македонија мора повторно да биде земја на среќни граѓани. Уште еднаш ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците, со искрени желби за подобро утре, стои во честитката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега