| Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ потврди дека Беким Сали и Мухамед Хоџа ќе бидат нови министри и најави дека набрзо, односно напролет ќе има промени како во Владата, така и во државните институции. „Мојот предлог денеска е доставен до Собранието, а тоа се Мухамед Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали кој ќе биде министер за европски прашања и потпретседател на Владата“, изјави премиерот Мицкоски. Во однос на Министерството за здравство, премиерот Мицкоски посочи дека во моментов нема да има промени иако секогаш има простор за напредок и секој треба да добие шанса, но тој цени дека до овој момент Азир Алиу пристојно си ја врши својата работа.Премиерот Мицкоски додаде дека после партискиот конгрес и сите преструктурирања ќе има промени и во Владата и државните институции за формирање на тим кој ќе го носи товарот до следните избори. „После конгресот после сите преструктурирања во рамките на партијата напролет очекувам некаде да имаме и освежување во рамките на Владата, прегрупирања, догрупирања, доекипирања, проширувања и во рамките на државните институции, така што ова е тој грантограм кој во следниот период како претседател на Влада и доколку ја добијам довербата на делегатите, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ не очекува. Формирање на овој тим кој потоа треба да го понесе и изнесе товарот до следните парламентарни избори“, потенцираше премиерот Мицкоски. |
Актуелно
- Полната Месечина во Стрелец на 5 декември носи големи промени
- Објавени резултатите од магнетната резонанца на Трамп
- Припадниците на овие хороскопски знаци се најголемите манипулатори
- Криза во НИС: Србија без сурова нафта, ризик од раст на цените и инфлација
- Анкета YouGov: Помалку од половина Европејци ја поддржуваат Украина за членство во ЕУ и НАТО
- Макрон: Мировен план без Украина и Европа е невозможен
- Ѓорѓиевски: Сериозно треба да работиме на базичниот проблем во однос на загадувањето – загревањето на домаќинствата
- Премиерот: Истурањето пари во СЈО заврши со Луј Витон куфер мито

