Мицкоски: Асимилација на нацијата ќе значи прифаќањето Делчев да е по нација Бугарин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од протестот пред Собранието порача дека недозволиво е да се прифатат предлозите на Бугарија за решавање на отворените историски прашања. 

-Ако биде прифатено дека Гоце Делчев во регионална смисла е македонец а по нација бугарин, нашиот јазик е лингвистичка форма на бугарскиот, тоа ќе значи асимилација на македонската нација и сериозен удар врз државата, изјави Мицкоски. 

Тој додаде дека ако се случи тоа идната влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ, таквиот договор ќе го поништи и никогаш нема да го почитува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2020 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа