Мицкоски: Ако Заев ги игнорира граѓанските потписи и не го стопира пописот ќе испратам апел за масовно попишување, да има трага

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва во „Само Интервју“, во Канал 5 телевизија, во врска со пописот истакна дека ако власта ги игнорира граѓанските потписи и не го стопира пописот, ќе испрати апел за масовно попишување на сите граѓани и оние во дијаспората за да се остави трага.

Мицкоски вели дека се надева дека власта ќе ја прифати иницијативата од страна на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на законот за попис со собирање на потписи и истата да помине во Собранието, односно од владеачкото мнозинство, а доколку тоа не се случи ќе апелира до граѓаните масовно да се попишуваат.

-Не очекувам дека таков политичар имаме во парламентот кој ако се потпишат над 100, 000 граѓани истите нема да ги сметаат, и ако тоа некој го одлучи значи дека директно прифаќа партиска наредба и ако тоа не е политизација и партизација на операција која треба да биде статистичка не знам што е – вели Мицкоски.

Мицкоски посочи но доколку се одбие иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, тогаш првиот чекор ќе биде апел до сите граѓани и македонската дијаспора и до сите оние кои имаат недоверба на овој процес да се попишат, да се пријават и да се попишат, вели тој.

Само така ќе оставиме трага во системот, која ќе биде ревидирана од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, доколку една единка постои со фалсификат матичен број ние ќе организираме вистински електронски попис, кој ќе даде одговор на прашањето каква е демографијата во Македонија, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега