Мицкоски: Ако ВМРО е нашата икона во која веруваме, тогаш Македонија е домот, храмот на таа икона
„Благодарност до сите кои учествуваа денес во одбележувањето на 23 Октомври – Денот на револуционерната борба“, напиша вчера на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
И не заборавајте, ВМРО е пркост, пиреј, аманет, обврска, должност, почитување. ВМРО е нашата сила, но и нашата слабост. ВМРО се Илинденците, Партизаните, Асномците. Македонија е и потта на земјоделците, крикот на младите, волјата на спортистите, надежта во Европа. Љубовта кон земјата од уставобранителите. ВМРО е и чекањето за подобра иднина, но и немирот за слобода, правда и човечко достоинство. Ако ВМРО е нашата икона во која веруваме, тогаш Македонија е домот, храмот на таа икона, пишува тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа