Мицкоски: Аферата со пасошите е голем срам и непоправлива штета за Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на Алфа ТВ рече дека аферата со пасошите е голем срам и непоправлива штета за Македонија.

-Ако го читате исказот на Јован  Вукотиќ кога бил испрашуван во Србија , ќе каже дека имал регуларна патна исправа издадена од Македонија. Луѓе ги добиле со украден идентитет. Еве на пример Седат Пекер , протеран е , за потоа  да се појави кај нас и да земе документи.  Заев пред неколку недели кога беше приведувањето на Мијалков, рече дека бил запознат со се, а сега со ова не бил целосно запознаен, рече Мицкоски.

Според него, симптоматично е зошто овие луѓе немаат пасоши со лажни идентитети од другите држави од регионот.

-Голем срам и непоправлива штета е за Македонија.  Ај што се неспособни и се ујдисале со криминалци и цела јавност им се смее.  Зошто овие луѓе немаат такви пасоши од Албанија или Хрватска, Србија или Бугарија. Седам и се мислев што толку им згреши македонскиот народ, за да нанесат такво зло.Ние сме во ек на најголемата афера во последните 10 години. Каде е министерот за корупција Николовски, да излезе и да каже својот став. Ќе водат што ќе значи бескомпромисна борба со криминалот кога ќе се симнат на власт, изјави Мицкоски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа