Оваа година ќе биде година на суштински реформи и завршување на капитални проекти, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Гевгелија. Одговарајќи на новинарски прашања, тој истакна дека 2026 година ќе донесе „големи и крупни чекори“ во клучните сектори: градежништвото, енергетиката, економијата, образованието и земјоделството.

Мицкоски испрати смирувачка порака до граѓаните и бизнис заедницата, уверувајќи ги дека Владата е подготвена за предизвиците. 

„Имаме јасен план, имаме јасна агенда. Граѓаните, но и бизнисот, не треба да се грижат бидејќи оваа Влада работи според план, динамика и однапред подготвени решенија за сите потенцијални проблеми што претходно ги антиципирам“, изјави премиерот.

Тој потенцираше дека проектите финансирани преку повиците на Министерството за локална самоуправа се интензивираат и влегуваат во фаза на реализација.

Exit mobile version