Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, учествува на престижниот самит „Fostering the Future Together Global Coalition“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп. На овој дводневен настан присуствуваат претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки гиганти.

Главната цел на самитот е зајакнување на глобалната соработка за заштита и едукација на децата во дигиталната ера. Мицкоска имаше свое обраќање на сесијата посветена на онлајн безбедноста, каде ги презентираше македонските искуства.

„Нашата цел е младите не само да ја користат технологијата, туку и критички да размислуваат за неа. Денес, 341 основно училиште во Македонија веќе се дел од иницијативата за училишна програма на 21-виот век“, истакна Мицкоска во својот говор.

Exit mobile version