Мицко Дамњановски назначен за нов уметнички раководител на Операта

Националната опера и балет информираше дека Мицко Дамњановски е назначен за уметнички раководител на Операта.

Дамњановски доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска која беше уметнички раководител на Операта од септември 2017 до 2021 година.

Мицко Дамњановски во 2002 година дипломира на факултетот за Музичка уметност, отсек - туба, а магистрирал 2006 година на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек - туба. Пред вработувањето во оркестарот на Националната опера и балет во 2007 година, кратко време работел во Бриселската Филхармонија.

Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика FAMES, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други, како и гостин тубист во Нишкиот Симфониски оркестар, Национална опера-Тирана, Црногорски Симфониски оркестар. Основач е на БРАССТЕТ СКОПЈЕ во 2019 година со настапи на фестивалот „Охридско лето“ и други фестивали низ републиката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа