Мицевски: Власта зад параванот на ЕУ, а Македонија ја тресат рекети, висок степен корупција и криминал

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на тв дебата на МРТ истакна дека власта зад параванот на Европа и датумот, додека во Македонија во моментов ја треат најголеми скандали како Рекет 1, 2, можеби 3 или 4, уценување на бизнисмени и висок степен на корупција и криминал.

-Сите оние работи кои ги поминавме набрзина без консултација со опозицијата, кој што сакавте на мала врата да ги поминете, мене ми е јасно, јасно и беше и на македонската јавност дека ова беше услов за коалиција за формирање на влада, но како направивте со Законот за јазици, како направивте со Договорот за добрососедство со Бугарија, како направите со договорот со Грција, сите овие работи ви се удираат од глава, вели Мицевски.

Тој посочи дека ако со државата владеат луѓе кои корупцијата и криминалот не им приоритет ние можеме да ги договориме законите, ќе тргнеме напред ако не влегуваме во Законот за јавно обвинителство со една и единствена цел, а тоа е ако утре падне владата да има кој да ги штити, нас ни треба европски закон, потврден од сите партии.

-ВМРО-ДПМНЕ е постојано на терен ние сме постојано континуирано со граѓаните, собираме забелешки од граѓаните, во моментов имаме над 10 000 забелешки, можности за подобрување на одредени состојби, експертски тим во наредниот период ќе работи и тоа ќе биде програмата која ќе ја предложиме на граѓаните на предвремените избори, вели Мицевски во врска со моменталната активност на партијата за Обнова на Македонија.

Тој вели дкеа предвремени избори треба да има час поскоро дури иако одговорот од ЕУ биде да, затоа што нема суштински реформи, за да можеме да работиме на реформскиот процес , економско раздвижување и владеење на правото, а ќе се лажеме ако кажеме дека се направени реформи во државава освен штетните договори со Бугарија и Грција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега