Мицевски: На СДСМ поважно им беше да изгласаат потпретседaтел, отколку законот за минимална плата

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, ги обвини пратениците на СДСМ за лицемерие, затоа што како што рече, поважно им било да се изгласа пратеникот Зеќир Рамчиловиќ за потппретседател, отколку законот за минимална плата.

„Ако бевте толку искрени во намерите, ќе го ставевте законот прв на дневен ред, но вие покажавте дека ви е поважно да се изгласа Рамчиловиќ за потпретседател. Се прекина седницата по изгласувањето. СДСМ, три дена го одложува носењето на законот за минимална плата. Јавноста, работниците и здрженијата, го гледаат ова лицемерие и ќе го казнат“, рече Мицевски.

Претходно, со 62 гласа за, 16 против и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ беше изгласан за потпретседател на Собранието. Тој за оваа функција беше предложен од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ.

Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.

Рамчиловиќ, кој беше дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, неодамна преку писмен допис го извести собранискиот спикер, Талат Џафери, дека ја напушта пратеничката група.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега