Mицевски: На граѓаните им нудиме перспектива, нови работни места и решавање на социјалните проблеми

 Вложуваме во креирање бизниси и нови работни места, спортски терени, создавање на поубава општина за сите граѓани на Крива Паланка, перспективна држава како членка на НАТО и Евроспката унија, во споредба со претходната политичка гарнитура, која ги кршеше основните човекови права, правеше притисоци и уцени, криминал и корупција, изолација на општеството и бесперспективност, со градење споменици и фасади, рече на денешната прес конференција градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Тој, како што истакна, бил прозван од претходниот градоначалник на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, дека несовесно ја извршува градоначалничката функција.

– Граѓаните знаат и можат да препознаат разлика кога Алексовски беше градоначалник и денес кога сум јас, преку односот и третманот кон нив, транспарентностана општината, преку искрениот и пред се човечки пристап кон работата и се она што го правам во функција на решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Такво нешто во време кога тој ја водеше општината не можеше да се замисли, а вработените во општинската администрација беа изложени на постојан притисок, рече Мицевски.

Посочи дека ја наследил општината со поголема сума долгови, и неплатени долгови кон економски оператори, а сега претходната 2019 година ја завршиле со позитивно салдо од 11.000.000 денари.

Градоначалникот Мицевски потенцира дека за две години се направени многу повеќе градски и приградски улици, од Домачки дол, 8 Октомври, Партизанска, Белево, Лисец, Климет Охридски, Херој Карпош, кон спортски центар, во населба Единство, Прохор Пчињски и многу други, а се набавени пет нови возила за ЈП „Коуналец“ без кредити и задолжувања.

Меѓу другото истакна и дека во руралните средини во моментот има градежна офанзива, асфалтиран е патот кон село Осиче, се асфалтира во Трново, Голема Црцорија, село Конопница, а и во воспитно-образовните институции има низа големи проекти од инфраструктурен карактер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега