„Ми здодеа веќе, ова се претвори во лудило“ - српскиот доктор се огласи првпат после 2 недели

„Тука сум во Обреновац, малку се одморам, а попладне работам. Ми здодеа сето ова, веќе се претвори во лудило“.

Ова се првите зборови на проф. д-р Бранимир Несторовиќ кој од 5 јули како да пропаднал во земја и ги загрижи српската јавност, навикната на неговите секојдневни коментари за ситуацијата со коронавирусот.

Тоа биле првите зборови после повеќе од 2 недели, но и единствени. Тоа било се што кажал на новинарска екипа на вратата од семејната куќа во Обреновац.

За д-р Несторовиќ луѓето имаат само пофални зборови. Сите до еден се сложиле дека докторот секогаш имал волја да разговара со секој кој ќе сретне, дека како лекар помогнал на деца на многу сограѓани и дека во време на коронавирусот неговите зборови се добредојдени во секој дом, бидејќи смируваат.

Соседите велат дека во продавницата во која  купува овошје и зеленчук, често го опкружуваат жени и го прашуваат се и сешто, а тој трпеливо им одговара, а понекогаш и ги советува.

„Молчи и пиј смедеревка“, умее понекогаш да се пошегува, тврди неговиот пријател.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега