„Ми се јави кобниот ден, требаше да појдам со него" - Најдобриот другар на Гру во солзи

Поранешниот одбојкар Един Шкориќ кој беше еден од најдобрите пријатели на трагично починатиот рапер од Србија, Далибор Андонов Гру, со солзи раскажа дека тој го викал да дојде со него на возењето во Земун, но не го послушал.

- Се слушнавме последен пат на денот на трагедијата, ме викаше да дојдам со него, но не отидов. Сега ми е жал што го одбив. Можеби требаше да тргнам со него. Никој не можеше да го наговори да не оди дента, кајтот беше негова страст, вели тој.

Тој прв се прости од Гру на Комеморацијата.

- Брате мој, ни ги остави сопругата и двата сина, се надевам ќе можам да ги чувам и да им објаснам дека не отиде, туку доби нова улога во нивните животи. Ме научи да живеам, а да не претерам. Не те победи ни ветрот, ни судбината, ни кајтот, уште си меѓу нас, рекол тој низ солзи.

Гру загина пи возењето во Земун, а погребот е денеска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега