Метлата на Заев ќе „заигра" за директорите

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека наредната недела продолжува следниот чекор од реконструкцијата на Владата. Ќе има смени на заменици министри и директори на институции. Очекува целиот процес да заврши до крајот на јули.

– Се работи за повеќе од дваесетина директорски места на централно ниво. Веројатно повеќе од триесетина на локално ниво. Има подрачни единици, замениците, тоа се веќе испразнети места, непополнети кои што ќе завршат во овој период на јули. Идната недела веќе ќе одиме со следниот чекор, изјави Заев при денешната посета на Стоби, одговарајќи на новинарско прашање до каде е реконструкцијата.

Посочи дека со смената на замениците министри и директорски места во подрачните единици во државата ќе заврши самата реконструкција.

За потсетување, пред околу месец, СДСМ на седница на Централниот одбор на партијата го разреши речиси целото партиско раководство. Од функцијата се разрешени целиот Извршен одбор, сите шестмина потпретседатели на партијата, тројцата секретари и координаторката на Форумот на жени. 

Разрешени се Александар Кирацовски, генерален секретар, Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, секретар за меѓународна соработка, шесте потпретседатели – Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири, како и Цветанка Ласкова од функцијата координатор на Форумот на жени.

Истата вечер, за нов генерален секретар е избран Љупчо Николовски, кој повеќе нема да биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Ветивме промени и се случуваат. СДСМ вечерва демонстрираше сериозна одговорност пред граѓаните и сопствената земја. Донесовме одлуки што носат суштински промени, изјави Заев тогаш и истакна дека со разрешените ќе продолжи соработката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега