Метеоролозите со ново важно предупредување: Температурите ќе се спуштат до -14
Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната од -3 до 6 степени.
Во Скопје, слично време со повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда, утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните од средината на седмицата ќе бидат во постепен пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа