Метеоролозите со најнови информации - временска прогноза за цела недела

 

И најновите анализи укажуваат на тоа дека новата недела која што ни доаѓа целата ќе ни помине во знакот на стабилно, суво и сончево време иако повремено ќе има и умерена облачност, информира метеорологот Славчо Попоски.

Температурите на воздухот ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината (дури за околу 7 до 8 степени) и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

И понатаму ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Ув индексот ќе има висока вредност и ќе има коефициент 6 па така граѓаните сеуште доколку излегуваат со себе би било убаво да понесат заштитна опрема и тоа капа и наочари за сонце.

Уживајте во прекрасното време.

 

 

 

16.09.2018 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега