Метеоролозите најавуваат врнежи и грмежи за денеска - од утре нова промена
Времето претпладне и околу пладне ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено долж Повардарието, што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 24 до 32 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје претпладне ќе има променлива облачност со повремен дожд и појава на грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во текот на денот. Утринската температура ќе спушти до 19, а дневната ќе достигне 26 степени.
Од среда следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа