Метеоролозите најавуваат влажен бран во Македонија - во четврток промена на времето

 Времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три степени, а дневната температура од 11 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура ќе достигне до 16 степени.

Во среда облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 07:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега