Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, соопшти УХМР.
До средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност.
Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.
Утринските темеператури ќе се спуштат до 8 степени додека дневните ќе се искачат до 38 степени.
