Подгответе ги чадорите – во наредните два дена земјава ќе биде под влијание на серија влажни воздушни маси. Времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои во одредени региони ќе достигнат значително количество на воден талог.

Наместа ќе наврнат над 25 л/м2 за едно деноноќие.

Поради падот на температурите, на планините ќе побели со 5 до 10 сантиметри нов снег, а врнежи од снег се можни и на повисоките населени места.

Повремено поројни врнежи од дожд низ целата котлина.

Временските прилики ќе се смират кон крајот на неделата, односно во петок.

Паузата од врнежите и разведрувањето на небото се очекуваат дури пред почетокот на викендот.

Exit mobile version