Француските департмани Горна Корзика, Источни Пиринеи и Од се ставени под портокалов степен на метеоролошка тревога поради силно невреме што се очекува да трае до сабота, 27 декември, соопшти „Метео Франс“.

Горна Корзика и Источните Пиринеи се под предупредување за обилни врнежи и ризик од поплави, додека во департманот Од, како и во Источните Пиринеи, се очекува значителен пораст на водостојот на реките, пренесува телевизијата БФМ.

Од „Метео Франс“ наведуваат дека предупредувањето за поплави е издадено превентивно, со проценка дека поради интензивните дождови може да дојде до излевање на водотеците, особено во јужниот дел на Франција, во регионот Русијон.

Во однос на количината на врнежи, во департманите Од и Источни Пиринеи се очекуваат меѓу 150 и 200 литри дожд на метар квадратен до сабота напладне, што е еквивалент на врнежи за период од два до три месеци, појаснува БФМ ТВ.

Exit mobile version