Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) излезе со нови информации за состојбата на терен, посочувајќи дека во планинските предели е регистрирана поизразена нестабилност со правец на движење од север-северозапад кон југ-југоисток, проследена на места со појава на град.
Според најновите податоци, нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер е зафатено во околината на Демир Хисар.
Во меѓувреме, радарските и теренските мерења покажуваат дека слични временски услови се регистрирани и во Битолскиот регион, каде исто така има пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.


