Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со нови вонредни информации за развојот на временските услови во централниот дел на државата.
Според најновите мерења на синоптичарите, регистриран е зголемен интензитет на врнежи и појава на локално невреме во планинските предели.
„Нестабилна облачна маса на планината Бабуна локално проследена со пороен дожд“, соопштуваат од УХМР во своето прво известување.
Паралелно со ова, во поширокиот регион се забележува дополнително дестабилизирање на атмосферата, проследено со електрични празнења.
„Во моментов врнежи во Велешко и пороен дожд, грмежи и суградица на Даутица“, алармираат од Управата.


